Connect with us

Свет

За Пјонгјанг вежбите на Јужна Кореја, Јапонија и на САД се нова закана за војна на Корејскиот Полуостров

Заедничките воени вежби на Јужна Кореја, Јапонија и САД предизвикуваат нова закана од војна на Корејскиот Полуостров и во регионот, јавија денеска северонокорејските медиуми.

Коментарот е објавен откако јужнокорејската морнарица денеска објави дека ќе спроведе заеднички поморски вежби наречени Хогук со американската морнарица од 20 до 23 октомври, пренесоа американски медиуми. 

Претходно денеска, Јужна Кореја најави решителна акција доколку Северна Кореја направи какви било нови провокации. Таа реакција од Сеул следеше по заканата на Пјонгјанг за воена ескалација поради предупредувачките истрели испукани од јужнокорејските сили по утврдената граница во рамките на демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги дели двете Кореи.

Ad
Ad