Connect with us

Свет

Кристијан Аманпур го напушта „Си-Ен-Ен“ по 43 години кариера во телевизијата

Кристијан Аманпур, една од најпознатите новинарки на „Си-Ен-Ен“, во јуни следната година ќе ја заврши својата 43-годишна кариера во телевизијата.

Аманпур, една од најпрепознатливите меѓународни дописнички на американската телевизија, кариерата во „Си-Ен-Ен“ ја започнала како асистентка, а во текот на децениите известувала за војни, конфликти и политички кризи во различни делови на светот.

Нејзината секојдневна емисија „Аманпур“ од почетокот на следната година ќе се емитува еднаш неделно, а во мај ќе престане да се прикажува. Аманпур, која е главна водителка на меѓународната програма на „Си-Ен-Ен“, ќе ја напушти телевизијата во јуни.

До крајот на годинава ќе престане да се емитува и нејзината емисија „Аманпур и компанија“ на јавниот телевизиски канал „Пи-Би-Ес“.

Таа ќе продолжи да го води подкастот заедно со поранешниот сопруг Џејми Рубин, поранешен американски дипломат.

Шеесет и осумгодишната Аманпур вчера изјави дека со нетрпение очекува да се посвети на нови интересни проекти. 

Ad
Ad