Connect with us

Свет

Болсонаро бара поништување на кандидатурата на Лула четири дена пред вториот круг од претседателските избори во Бразил

Кандидатот за претседател на Бразил, Флавио Болсонаро, побара од судот да ја поништи кандидатурата на неговиот противкандидат, актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, обвинувајќи го за недозволена предизборна агитација преку владина сметка на „Ватсап“.

Во тужбата поднесена до Врховниот изборен суд од адвокатите на Болсонаро се наведува дека Лула ја злоупотребил власта користејќи ја платформата за време на предизборната кампања за споделување содржини поврзани со активности на владата.

Во меѓувреме, бразилското Министерство за надворешни работи го обвини аргентинскиот претседател Хавиер Милеи за „обид за мешање“ во вториот круг од претседателските избори во Бразил, закажан за оваа недела.

Милеи во своја изјава навести дека бразилскиот претседател Лула би можел да ги „украде изборите“.

Односите меѓу двајцата претседатели се влошија уште во јули кога Милеи го нарече актуелниот бразилски претседател „крадец“ и „корумпиран“. Тоа се случи на почетокот на претседателската кампања на Флавио Болсонаро, кој во вториот круг оваа недела ќе се соочи со Лула.

Ad
Ad