Connect with us

Вести

Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ доби нов и модерен лик, со што станува еден од симболите на охридскиот регион, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод Денот на независноста.

Николоски посочи дека за само две години е реализирана реконструкција на аеродромот, прва по 56 години, со која, како што вели, се создаваат услови за привлекување на поголем број туристи и нови авиокомпании.

За само две години успеавме аеродромот ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Николоски.

Мислам дека нема поубав ден од Денот на независноста, 8-ми септември, за да се отвори еден навистина прекрасен објект. Еден објект којшто низ белата боја го доловува она што е најубаво за Охридското Езеро и за целиот Охридски регион. Навистина сум пресреќен што еве денеска, после напорна работа, успеваме да отвориме практично нов аеродром, односно успеваме да отвориме една терминална зграда заедно со помошни простории коишто значат многу, многу подобро искуство за патниците споредено со претходно. Ако последните големи интервенции овде се правени некаде во 1970-тата година, тогаш не е тешко да се пресмета дека точно 56 години Охридскиот аеродром во делот на терминалната зграда, во делот на полетување и на слетување беше во исти или слични услови. Тоа е од една страна долг временски период, но од друга страна па ја покажува посветеноста на оваа Влада која што работи само две години да ги менува работите. И како што ги менуваме работите насекаде низ државата, секако ги менуваме и тука – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски.

Паралелно со аеродромот се работи и на инфраструктурата за да може да се заокружи една целина во развојот на овој регион, потенцира Николоски.

Секако на овој практично нов аеродром многу ќе му помогне и новата инфраструктура. Знаете дека интензивно се гради автопатот Охрид-Кичево, веќе дел од до аеродромот е завршен, веќе може од Охрид до аеродромот да се стигне по автопат. Се стига до една убава клучка која што навистина е убаво хортикултурно уредена и на тој начин практично побрзо да се патува до Охридскиот аеродром. Знаете дека интензивно работиме на завршување на автопатот, најтешката делница ќе се отвори во следните месеци, очекувам во текот на првото полугодие од следната година да се отвори целиот автопат, а секако продолжуваме и на работа на останатите делници кои што треба да значат поврзување и со Скопје и со Скопскиот аеродром ”- истакна заменик претседателот на Владатa, Николоски.

Тој истакна дека бројките во ависообраќајот ги рушат сите рекорди. Преку 240 илјади патници на охридскиот аеродром до сега и очекувањата се дека вкупно оваа година ќе има околу 4 милиони патници. Заменик претседателот Николоски дополни дека реконструкцијата на аеродомрот има своја симболика.

Прво, симболиката која што ја има реконструкцијата на аеродромот. Второ, едни прекрасни мозаици коишто ве поканувам сите да ги видите, коишто се реплика на мозаиците кои што се наоѓаат низ стариот град на Охрид, низ Варош, но главно се наоѓаат кај Плаошник и навистина се прекрасно реставрирани. Сакам да се заблагодарам на сите коишто работеа, на сите институции од културата и на сите оние коишто работеа на реставрација. И третата работа, имаме една прекрасна реплика на фреските од катедралната црква Св.Софија, така што овој аеродром покрај аеродром е и еден мал музеј којшто го претставува регионот и се надевам дека сите коишто ќе патуваат оттука ќе уживаат” – додаде Николоски.