Connect with us

Свет

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми.

Во писмото, Макрон побара мерки за „заштита на сите деца во Европската Унија“, нагласувајќи дека смета на „експертизата и активното учество“ на службите на Европската комисија во ова прашање.

Францускиот претседател оцени дека постојните правила повеќе не се доволни и дека е потребно да се воспостави единствено решение што ќе се применува во сите земји-членки на ЕУ.