Connect with us

Свет

ФТ: Американските специјални претставници на Зеленски му презентираа ажурирани верзии од претходните мировни предлози

 Американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на вчерашната средба со украинските претставници во Киев презентираа ажурирани верзии од претходните американски мировни предлози, а главното несогласување останува прашањето за територијата на Донбас, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на неименувани извори.

Според британскиот дневен весник, ревидираните предлози биле ажурирани за да ги одразат променетите околности, а американските пратеници не понудија многу нови идеи, туку се обидоа да ги оживеат претходните предлози и да ги намалат разликите во ставовите на Киев и Москва.

Главна точка на несогласување е Донбас, каде Русија контролира околу 75 проценти од територијата, претседателот на Украина, Володимир Зеленски повеќе пати истакна дека нема да и биде отстапена територија на која Русија.

Зеленски по состанокот рече дека темата на состанокот е прашањето за територијата, но нагласи дека тоа треба да се реши „на ниво на лидери“.

За време на состанокот, двете страни се согласиле дека војната најверојатно нема да заврши пред зимата, а американските претставници разговараа за начините за помош на Украина во текот на претстојната зима.

Кушнер истакна дека САД се надеваат дека ќе ги продолжат разговорите со Русија и со Украина, кои се заглавени од 28 февруари, кога почна војната во Иран.

Виткоф и Кушнер вчера се сретнаа со Зеленски во Киев, еден ден откако во Москва имаа средба со Путин. Двете страни ги опишаа средбите како „важни“ и „суштински“, но засега нема официјални индикации за значителен напредок во преговорите за завршување на конфликтот.