Вести
Честитка од претседателот на уставниот суд Костадиновски по повод 8 Септември
По повод 8 Септември – Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот упати честитка до сите граѓани.
Во честитката Костадиновски ја опишува независноста како историски избор и колективна гордост, истакнувајќи дека 8 Септември претставува симбол на истрајноста и потсетник за сите генерации за потребата од посветен придонес кон иднината на државата.
Тој нагласува дека љубовта кон татковината не се изразува единствено преку почитта кон минатото, туку и преку одговорноста во сегашноста, особено преку почитувањето на Уставот, градењето силни институции и доследното почитување на владеењето на правото.
-Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите – порача претседателот на Уставниот суд.
Костадиновски упати честитки по повод Денот на независноста со порака: „Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!“
септември 8, 2026
