Connect with us

Хроника

Убиство на пластичарска: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопски Дуќанџик. Според првичните информации, младиот маж бил застрелан и имал повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата

По пукањето, со екипа на Итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар, каде што, и покрај обидите да му биде укажана медицинска помош, починал.

Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило убиството, ниту за сторителот и мотивите.