Connect with us

Регион

Огнените стихии во Албанија продолжуваат, 44 пожари во последните 24 часа, од кои 14 активни

Министерството за одбрана информира дека во текот на последните 24 часа на територијата на Аланија, се регистрани 44 пожари, од кои 14 се активни, девет се под надзор, а 21 се изгаснати. И понатаму кртична е е состојбата во округот Скадар, планината Дајти над Тирана, Каваја, Булќиза, Лежа и Берат.

Во операциите беа вклучени 636 локални сили и 67 противпожарни возила, 329 припадници на вооружените сили со многу возила, хеликоптери,  авион „Ер Трактор“ и дрон. Оперативните капацитети остануваат ангажирани на терен и подготвени да интервенираат каде што ситуацијата бара, со приоритет даден на заштитата на животите, домовите, имотот на граѓаните и животната средина, објави албанското МО.

Во меѓувреме, по апсењето на неколку предизвикувачи на пожарите, реагираше министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, нагласувајќи дека секое дејствие што ја нарушува животната средина и имотот ќе се соочи со законот, кој предвидува затворска казна до 15 години.

Во Албанија до сега опожарени се над 15.000 хектари шуми, зафатени се и заштитени подрачја, што го загрозува екосистемот, а предизвикани се големи штети, вклучувајќи губење на домови, маслинови и други насади, шумска маса, штети врз  дивиот свет.