Connect with us

Општини

Во Струмица откриено спомен обележје во чест на Џоко Ѓоргиев и во сеќавање на 64 жртви во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Вечерва во Струмица беше откриено спомен обележје во чест на Џоко Ѓоргиев, тапанар на групата ДНК, кој е роден на денешен ден и во сеќавање на 64 жртви од дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Спомен обележјето е подигнато во Градскиот парк во Струмица, во близина на поранешниот Дом на АРМ. Настанот започна со „Марш на сеќавање“ од Булеварот „Гоце Делчев“ до Градскиот парк.

Отворањето  на спомен обележјето беше проследено со музичка програма.