Connect with us

Хроника

Тригодишно дете затруено од инсктициди

Тригодишно дете од кумановско село било донесено во Општа болница Куманово откако било затруено со инсектициди, информира денеска од СВР Куманово. Како што наведуваат од СВР Куманово, случајот го пријавиле лекари од општата болница во 17:30 часот. Од таму  соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Педијатрите  апелираат лековите, инсектицидите, пестицидите и средствата за чистење да се чуваат вон дофат на децата и во оригинална амбалажа. При сомневање за труење, детето треба што побрзо да се однесе на лекар, а со себе да се понесе амбалажата од внесената материја.