Connect with us

Свет

Путин наредил тридневен прекин на нападите врз Киев

Рускиот претседател, Владимир Путин, тридневен прекин на нападите врз украинскиот главен град Киев, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека одлуката е поврзана со престојните средби на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Киев.

Песков потврди и дека Путин денеска ќе се сретне со Виткоф и Кушнер, кои допатуваа во Москва. По средбите во Москва, се очекува американските пратеници да отпатуваат за Киев.

Украински медиуми претходно објавија дека украинските вооружени сили прогласиле прекин на огнот од полноќ на 5 до 8 септември.