Свет
Фараж тврди дека неговата партија не ги прекршила правилата за донации
Лидерот на партијата „Реформа Велика Британија“, Најџел Фараж, ги негираше обвинувањата на британската телевизија „Канал 4 њуз“ дека членовите на неговата партија ги прекршиле правилата за политички донации.
Според него, партијата не направила апсолутно ништо погрешно ниту земала нелегални пари, објави „Скај њуз“.
Британската телевизија тврди дека шефот на партијата Џејмс Ор и блискиот соработник на Фараж, Ден Џукс, договориле американска компанија да финансира три анкети за партијата, во вкупна вредност од 32.500 фунти.
Џукс и Ор утрово се повлекоа од партиските позиции.
Фараж рече дека заменетите партиски функционери никогаш порано не биле вклучени во собирање средства за потребите на партијата
септември 5, 2026
