Општини
Велешките пожарникари го изгаснаа пожарот во месноста Прцорек кај базенот за вода
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Велес синоќа околу 21 часот, по тричасовна борба ги изгаснаа пламените јазици на пожарот во месноста Прцорек кај базенот за вода.
Тие вчера попладне во 17:50 часот примиле дојава за задимување на место викано Прцорек кај базенот за вода.
Пожарникарите излегла на лице место со едно противпожарно возило. По пристигнување на самото место поради сериозноста на пожарот кој бил затекнат во развиена фаза била побарана дополнителна помош од уште едно противпожарно возило со уште една екипа. По тричасовна борба со пламените јазици пожарот бил изгаснат околу 21 часот и не било дозволено негово проширување.
Од ТППЕ Велес со апел до граѓаните, да не палат оган на отворен простор. Воедно доколку забележат пожар да се јават на бесплатниот телефонски број 193 или 112.
септември 3, 2026
