Connect with us

Регион

Српскиот претседател покренува подкаст

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека почнува со подкаст и негов гостин во првата емисија, што ќе се емитува на YouTube платформата в петок во 12 часот, ќе биде кошаркарскиот тренер Мирослав Мута Николиќ.

„Постојат разговори што долго време сакав да ги водам. Не за политика, туку за луѓето, нивните животи, успеси, неуспеси, верувања и се што ги обликувало. За спортот, културата, уметноста, религијата, историјата… За работите што не поврзуваат и од кои можеме да научиме нешто и зошто вреди да застанеме и да слушаме друга личност“, објави претседателот на Србија во објава на Инстаграм.