Хроника
Во Велес малолетник управувал мопед во спротивна насока
На улица „11 Октомври“ во Велес, вчера во 10:00 часот полициски службеници од СВР Велес забележале мопед кој се движи во спротивна насока, а возачот кога ги забележал полициските службеници го паркирал мопедот и побегнал. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал 14-годишен малолетник од Велес, информираат денеска од СВР Велес.
Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Велес. Мопедот бил одземен и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавија од СВР Велес.
септември 2, 2026
