Connect with us

Свет

Во Германија извршена уште една саботажа врз трафостаница

Еден ден откако експлодира трафостаница во близина на термоцентрала во источна Германија, саботажа денеска е извршена во трафостаница во западниот дел на земјата во близина на Келн.

– Врз основа на информациите што ги имаме досега, претпоставуваме дека нападот е извршен од сторители од странство или од екстремно левичарската сцена, изјави министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл.

Полицијата претходно потврди непознати лица предизвикале краток спој во трафостаницата во близина на Келн, поради што неколку блока од термоцентралата Бергхајм испаднале од мрежата.

Министерката за енергетика Мона Нојбаур наведе дека сличен инцидент се случил вчера во источниот дел на Германија, кога со експлозив е уништен електричен вод во близина на термоцентрала јужно од Берлин. Според полицијата станува збор за чин „насочен против уставниот поредок на Германија“.

Изминатите месеци во Берлин и во западна Германија извршени се неколку напади врз електричната и железничката инфраструктура. Во повеќето случаи, одговорноста ја презеде левичарска екстремистичка мрежа.

Германија неодамна беше цел и на таканаречената хибридна војна, за која се верува дека стои зад Русија.