Connect with us

Општини

Учебната година во Прилеп ја започнаа околу 8 000 основци и средношколци и 510 првачиња

Со 5 600 основци, од кои 510 првачиња и со 2 800 средношколци, од кои 700 во прва година, Прилеп успешно ја почна новата учебна година. Во училишните клупи учениците се вратија во 10-те оснвни и во 5-те средни училишта.

За првачињата, кои го почнаа своето образование, во училштата им беше приредена програма за добредојде. 

Така беше денеска и во основното училиште „Рампо Левката“ во Прилеп. Локалната самоуправа за првачињата обезбеди мали пакети со основниот прибор и по 3 000 денари финансиска поддршка за родителите.

-Сите училишта во Прилеп се подготевени, како и наставниот кадар. Нема недостиг на наставници. Очекуваме успешна учебна година. За првачињата општината подготви мали пакети со основниот прибор за првачињата. Годинава, за првпат е наменета финаснсиска поддршка за семејствата на првачињата од по 3 000 денари, со што ја потенцираме грижата за учениците, особено за првачињата. Ќе биде објавен јавен оглас на кој родителите со документи ќе може да се пријават за финансиската поддршка- рече прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски при посетата на ОУ „Рампо Левката“. 

Во општина Прилеп нема да се затвори ниту едно од 15-те подрачни училишта и ниту еден од наставниците нема да остане без работа. Во текот на летниот период се инвестирани околу 20 милиони денари за подобрување на условите во основните и средните училишта во Прилеп. 

-Во завршна фаза се спортските игралишта во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“, партерното уредување кај новата спортска сала во ОУ „Блаже Конески“, изградено е ново игралиште во ОУ „Рампо Левката“ на кое е реконструирана и фасадата, а се обезбедени и еден милион денари за реконструкција на скалилата на ова училиште. Со 3,2 милиона денари е реконструиран покривот на спортската сала во ОУ „Климент Охридски- објасни Проданоски.

Годинава за 30-тина е помал бројот на првачињата во Прилеп