Забава
Нестле ги продава бизнисите со витамини и додатоци во исхраната за сума од милијарда долари
Нестле се согласи да го продаде својот бизнис со витамини, минерали и додатоци во исхраната на инвестициската компанија Yellow Wood Partners за милијарда долари, како дел од реструктуирањето на своето деловно портфолио, јави ДПА. Трансакцијата сè уште е предмет на регулаторно одобрување, а нејзиното завршување се очекува во првата половина од 2027 година.
Продажбата вклучува седум брендови: Nature’s Bounty, Osteo Bi-Flex, Ester-C, Gard, Nuun, Puritan’s Pride и Sisu, како и американски бизнис кој произведува додатоци во исхраната од синџир брендови и сродни капацитети за производство, пакување, складирање и дистрибуција.
Лани, тој сегмент генерираше 1,2 милијарди долари приходи, при што најголемиот дел беше генериран на американскиот пазар, додека се присутни и во Канада, Кина и неколку други пазари.
Со тоа преземање, Yellow Wood Partners продолжува со серијата инвестиции во големи компании од секторот за стоки за широка потрошувачка, од кои вкупно шест се случиле од 2019 година. Инвестициската фирма со седиште во Бостон го прошири своето портфолио во последните години со купување на добро познати брендови за широка потрошувачка.
септември 2, 2026
