Свет
Истражување: Речиси половината земјоделци во светот се соочуваат со акутно труење со пестициди
Речиси половина од земјоделците и земјоделските работници ширум светот секоја година имаат акутно труење од пестициди, покажуваат денеска објавените резултати на истражувањето, со кое е опфатен периодот од 2006 до 2023 година.
Секоја година се случуваат од 402 милиони до 433 милиони случаи на ненамерно акутно труење со пестициди. Со околу 934 милиони вработени во глобалното земјоделство, тоа значи дека се погодени околу 46 проценти од земјоделците и работниците.
Според истражувањето, најголем број на труења со пестициди регистрирани се во Јужна Азија, потоа следат Југоисточна Азија и Источна Африка. Најголем број труења од пестициди е забележено во Буркина Фасо, каде што речиси 84 проценти од земјоделците и земјоделските работници биле изложени на пестициди.
Се проценува дека од труење со пестициди годишно умираат околу 11.000 луѓе, од кои 60 проценти во Индија.
Во истражувањето, нарачано од Мрежата за акција против пестицидите (Pesticide Action Network), се посочува и дека во 2023 година во светот биле употребени 3,8 милиони тони пестициди односно двојно повеќе во споредба со 1990 година.
Авторите на истражувањето повикуваат на итна акција, вклучително и спроведување на препораките на Обединети нации за постепено укинување на особено опасните пестициди.
септември 2, 2026
