Connect with us

Општини

Забранета водата за пиење во четири села во рамки на Општина Тетово

Јавното комунално претријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово информира дека се забранува користење на водата за пиење за селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица (од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица). Со извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено дека водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење.

-Нагласуваме дека ЈКП „Шар“ не е надлежно за водоснабдувањето на овие населени места, бидејќи овие села не се снабдуваат со вода од градскиот водоснабдителен систем на Тетово, со кој управува ЈКП „Шар“. Одговорноста за водоснабдувањето и управувањето со водоводните системи во овие населени места е во надлежност на соодветните локални структури и институции. Сепак, поради важноста на ситуацијата и заради заштита на јавното здравје, ги повикуваме сите жители да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење, сè до добивање резултати кои ќе потврдат дека водата е безбедна за употреба, соопшти ЈКП „Шар“ Тетово. 

За дополнителни информации, според ЈКП „Шар“ жителите треба да се обратат до надлежните институции и локалните заедници одговорни за овие водоснабдителни системи.