Општини
Во Виница презентација на воена опрема и техника на Македонската армија
Во рамки на програмата за одбележување на празникот на градот – „30 Август – 82 години Слободна Виница“, денеска во Виница беше реализирана презентација на воена опрема и техника на Армијата на Република Македонија од страна на Вториот пешадиски баталјон од Штип.
Граѓаните имаа можност да погледнат дел од опремата, возилата и средствата со кои располага Македонската армија, како и со работата и задачите на припадниците на штипскиот баталјон.
Овој настан предизвика значаен интерес, особено кај најмладите, кои имаа можност да поставуваат прашања, да ја разгледаат опремата и непосредно да се запознаат со професијата на припадниците на Армијата.
август 28, 2026
