Регион
Бугарската општина Елин Пелин со 10.000 евра еднократна помош го поттикнува наталитетот
Бугарската општина Елин Пелин на семејствата кои ќе добијат трето дете ќе им доделува 10.000 евра еднократна помош.
Општината за прво дете доделува еднократна помош во висина од 1.000 евра, за второ – 1.500 евра, додека за трето и секое наредно еднократната помош ќе изнесува по 10.000 евра. Тоа е највисока сума во Бугарија.
Помошта е со цел да се поттикне наталитетот, но и да се привлечат младите луѓе да се населат во општината, што се наоѓа во близина на Софија.
Општина Елин Пелин и истоимениот град до 1950 година беше познат како Новоселци, а името го доби по еден од најпознатите бугарски писатели.
август 27, 2026
