Connect with us

Хроника

Тешко повредено момче откако со возило излетало од патот пред Ваташа

Момче било тешко повредено откако со возило излетало од патот пред кавадаречкото село Ваташа, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Утринава во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци – информираа од СВР Велес. 

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.