Connect with us

Регион

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска

Две лица загинаа при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица.

Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување.

– Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата и пронашле остатоци од ултралесен авион и, за жал, во авионот се пронајдени две тела, изјави Петар Прпиќ од ХСС.

Прашан дали силната бура што вчера зафати делови од Хрватска е можна причина за несреќата, Прпиќ рече дека не сака да шпекулира за причината за падот на авионот, но потврди дека временските услови биле лоши.

Хрватската контрола на воздушниот сообраќај претходно соопшти дека контактот со авионот со регистрација D-KWZE, кој летал од Чешка до Задар, бил исгубен вчера во 16:14 часот на околу 17 наутички милји североисточно од Задар