Connect with us

Скопје

Лукровски на средба со поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи: Заеднички ангажман за соживот и доверба

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска остварил средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаи, на која било разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението од Општина Карпош, ја истакнале важноста на верувањето и на духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани.

Како знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Лукровски му била врачена благодарница.