Хроника
Возач од Беровско со 2,62 промили алкохол предизвикал сообраќајна незгода
Полициски службеници од ОВР Берово, вчера, во 17.40 часот во Берово, го лишиле од слобода 62-годишниот Љ. М. од беровското село Русиново.
Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило „форд“ под дејство на алкохол, при што удрил во паркирано возило, а потоа и во ограда од двор на куќа.
При преземањето на мерките било утврдено дека возачот имал 2,62 промили алкохол во крвта.
На местото на настанот бил извршен увид, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
август 21, 2026
