Свет
Панамскиот канал ќе го намали дневниот бродски сообраќај од септември поради мали количини на врнежи од дожд
Панамскиот канал ќе го намали бројот на бродови што можат да поминуваат низ него секој ден од септември поради ниските нивоа на водата предизвикани од мали количини на врнежи од дожд, јави ДПА, повикувајќи се на управата на каналот.
Бројот на транзити за кои може да се направат резервации постепено ќе се намалува од 36 на 32 дневно, објави Управата на Панамскиот канал.
И покрај тековната дождовна сезона и мерките за заштеда на вода воведени за ограничување на ефектите од климатскиот феномен Ел Нињо, потребни се дополнителни превентивни мерки за да се обезбеди долгорочна одржливост на каналот, соопшти управата.
Врнежите од дожд помеѓу мај и август беа околу 34 проценти под историскиот просек за тој период, соопшти администрацијата.
Прогнозите покажуваат дека се очекува регионот да има помалку врнежи од дожд како резултат на феноменот Ел Нињо во 2026-2027 година.
август 21, 2026
