Connect with us

Хроника

Возач побегнал откако удрил десетгодишно дете во центарот на Градско

Возач побегнал откако вчера удрил десетгодишно дете во центарот на Градско, информираа денеска од СВР Велес.

Како што посочуваат, во СВР Велес вчера било  пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, Општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. 

Увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на случајот.

Како што информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Анамарија Џунџева, детето било донесено во велешката болница околу 14 часот  и  било со телесно повреди, му била дадена потребната медицинска помош и грижа и во добра здравствена состојба, било упатено на домашно лекување