Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: За коленичење зборува мали Фрчкоски од СДС, која партија како черга се распосла пред ДУИ за ден повеќе на власт

За СДС сите се криви, само нивниот талог не е.

СДС, овој пат со ликот на мали Фрчко, син на долгогодишниот идеолог чии совети партијата ја донесоа на биолошкиот минимум, пак во сите бара вина и од сите бара одговорност.

Но од нивниот коалициски партнер за кој во Гостивар, градоначалникот Лимани со кој ја делат локалната власт, не бара ни одговорност ниту бара одговори за состојбата со водата и нејзиниот квалитет.

Извештаите под надлежност на централната власт за водата во Гостивар веќе се објавени, но СДС нема доблест да ги побара тие што се под надлежност на локалните институции.

Затоа што ако тоа го направи, ќе треба од самата себе да бара одговори, зошто заедно со партијата на Таравари, СДС ја води општината и нејзините институции.

На мали Фрчкоски, кој заедно со неговите партиски другари од СДС, ниту отидоа во Гостивар, ниту на граѓаните им однесоа некое шише вода за време на најголемата криза која ги зафатила, најмудро му е да молчи како за водата, така и за другите теми.

За коленичење зборува човекот кој од клупа е на функција, државна или партиска во СДС, кој за ден повеќе на власт коленичеше и како черга се распосла пред коалицискиот партнер ДУИ, а за да дојде на власт пак коленичи кај странски држави, мислејќи дека со изгубени избори пак ќе ги донесат на власт.

Зборуваме за пораз на СДС на избори, затоа што сите анкети, но и граѓаните како на неколкуте последователни изборни циклуси, јасно кажуваат дека предавничката СДС ќе доживее уште еден дебакл, кога и да се случат изборите.