Регион
Словенија купува три илјади ракети „воздух-земја“
Словенија ќе набави три илјади ракети „воздух-земја“ за потребите на своите вооружени сили, а испораката е планирана во 2028 и 2029 година, соопшти словенечкото Министерство за одбрана.
Првите 1.500 ракети треба да бидат испорачани во 2028 година, а останатите една година подоцна.
Ракетите со дострел до три илјади метри ќе се користат за непосредна огнена поддршка на копнените сили на словенечката армија и на сојузничките сили, како и за обука на пилоти и на контролори на здружената одбрана.
Вредноста на набавката засега не е позната, бидејќи постапката за јавна набавка е во тек. Министерството наведе дека средствата се веќе предвидени во финансиските планови за 2028 и 2029 година.
Словенечкото Министерство за одбрана нагласи дека набавката не е директно поврзана со обврската на земјата кон НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана на два процента од БДП, туку станува збор за редовно обновување на постојните залихи муниција
август 20, 2026
