Свет
Северна Кореја: Одлуката на Трамп за намалување на обемот на воените вежби со Јужна Кореја „не заслужува коментар“
Северна Кореја верува дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на обемот на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја „не заслужува коментар“, изјави денеска влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг,
„Во врска со намалувањето на обемот на заедничките воени вежби што ги спроведуваат САД и Јужна Кореја, кое го објави американскиот претседател, не сметаме дека тоа заслужува коментар и го сметаме за нешто што воопшто не нè интересира“, се наведува во соопштението на Ким Јо-џонг.
август 20, 2026
