Connect with us

Свет

Јужна Кореја и САД ги скратуваат заедничките воени вежби

Јужна Кореја денеска соопшти дека нејзините вооружени сили и американските сили се договориле да ги скратат заедничките воени вежби, на барање на Вашингтон.

Годишните воени маневри „Улчи Фридом Шилд“ што почнаа во понеделникот, наместо до 27 ќе траат до 21 август, соопшти јужнокорејската војска.

Двете страни се договориле да го намалат и обемот на дел од заедничките теренски активности.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, нареди намалување на обемот на воените вежби со Јужна Кореја непосредно пред нивниот почеток.

Како причина тој го наведе одбивањето на Јужна Кореја да се приклучи кон американската воена интервенција против Иран.