Connect with us

Скопје

Чаир го заокружи културното лето со концерт на Младинскиот оркестар на Западен Балкан

Општина Чаир вчеравечер ја заокружи програмата на годинешното културно лето со концерт на Младинскиот оркестар на Западен Балкан, одржан во рамки на 14. издание на фестивалот „Сцена на албанската сериозна музика“.

На Плоштадот „Скендербег“, под диригентската палка на Десар Сулејмани, младите музичари од земјите од Западен Балкан изведоа програма од класична музика пред бројна публика, со што беше затворена летната културна сезона во општината.

Од Општина Чаир информираат дека од 1 јуни Плоштадот „Скендербег“ и Старата скопска чаршија биле домаќини на повеќе културни настани, меѓу кои концерти на албанска и фолклорна музика, настапи на класични музичари, театарски претстави, филмски проекции и содржини наменети за најмладите.

Во текот на летото, Плоштадот „Скендербег“ и Старата скопска чаршија биле претворени во средишта за средби на уметници, писатели, музичари и посетители од земјата и регионот, со што се придонело за оживување на јавните простори и развој на културниот живот.