Connect with us

Свет

Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции

Министерството за буџет на Франција ќе користи алатки за вештачка интелигенција за тестирање на безбедносната ранливост во државните агенции, објави денеска министерот Давид Амиел. Тој потег следува по откривањето  голем хакерски напад врз државната даночна администрација минатата недела.

Министерството за финансии потврди минатиот четврток дека податоците за речиси 700.000 даночни обврзници биле компромитирани во кибернапад.

Во меѓувреме, директорката на француската даночна администрација, Амели Вердие, објави дека нејзините служби откриле уште еден упад во системот вчера. Таа исто така рече дека обемот на нападот се уште се проценува.