Регион
Тројца загинати по пад на приватен хеликоптер на грчкиот остров Сифнос
Безживотните тела на три лица биле пронајдени откако приватен хеликоптер падна на грчкиот остров Сифнос, по што и се запали, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите од противпожарната служба на Грција, за време на гаснењето на пожарот биле откриени трите тела, чиј идентитет засега е непознат.
Хеликоптерот паднал во близина на хелиодромот во северниот дел на островот околу 18.17 часот, по што интервенираат двајца пожарникари со едно возило, а од островот Сирос на Сифнос пристигнува спасувачки тим.
Според неофицијалните иноформации, станува збор за хеликоптер од приватна компанија која работи со авио-таки превоз.
Сифнос е дел од Кикладските острови и е во јужниот дел на Егејското море:
август 18, 2026
