Connect with us

Свет

Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман ако постигне договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормуската Теснина.

Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за стратешкиот воден пат.

„Доколку Оман на кој било начин се придружи, ние ќе го бомбардираме со полна сила“, изјави Трамп за Фокс њуз како одговор на прашање за тековните преговори меѓу двете земји.