Хроника
Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
На 18.08.2026 во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Ѓ.(47) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
август 18, 2026
