Connect with us

Регион

Албанија забележува историски рекордна дневна потрошувачка на електрична енергија

Високите температури ова лето во Албанија условија рекордна потрошувачка на електрична енергија, додека тимовите на операторите за преносен и дистрибутивен систем, истовремено се соочуваат со тешки ситуации создадени од пожари во близина на трафостаници и далноводи.

Според министерот за инфраструктура и енергетика, Енеа Каракачи, на 12 август 2026 година е забележан нов рекорд на дневна потрошувачка, со околу 27.809 мегават часови, или 5 отсто повеќе од претходниот рекорд од 13 август 2025 година.

Просечната дневна потрошувачка за периодот од први до 12 овој месец, исто така, достигна 25.787 мегават часови, што е за околу 22 отсто повеќе од просекот за август 2025 година

-Јули и август 2026 година ги одбележаа највисоките нивоа на дневна потрошувачка, со 26.488 и 27.809 мегават часови, соодветно. Соочени со оваа рекордна побарувачка и тешките услови на терен, енергетските тимови продолжуваат да работат без престан за да ја гарантираат безбедноста и континуитетот на снабдувањето, рече министерот Каракачи.