Connect with us

Свет

Во Унгарија загинаа 12 лица, а најмалку 10 се повредени во сообраќајна несреќа со полски автобус

Дванаесет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени откако полски автобус излета од патот и падна во канал во североисточна Унгарија – соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на социјалните мрежи.

Полскиот автобус излетал од коловозот рано утрово, по што паднал во канал и се превртел, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Тешката сообраќајна несреќа се случи во близина на градот Мезокерештеш, во североисточниот дел на Унгарија.