Скопје
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека еден од најочекуваните проекти за жителите на Бутел, веќе влегува во својата завршна фаза – темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека.
„Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење. Современо ЛЕД осветлување, нови клупи, урбана опрема, зеленило и нови детски игралишта ќе го претворат овој дел од Бутел во место полно со живот“, напиша скопскиот градоначалник.
Создаваме простор каде, како што нагласува Ѓорѓиевски, децата ќе растат и ќе играат, семејствата ќе поминуваат време заедно, а граѓаните ќе имаат уште едно убаво и уредено катче во своето Скопје.
„Нашиот народ предолго слушаше ветувања. Време е да гледа дела. Чекор по чекор, проект по проект, го менуваме Бутел и го градиме Скопје какво што заслужуваат неговите граѓани. Не застануваме. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, посочува градоначалникот Ѓорѓиевски во фејсбук-објавата.
август 17, 2026
