Connect with us

Свет

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави иранскиот министер за надворешни работи

Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз преку тесниот морски пат.