Connect with us

Забава

Страв од бројот 17, верување во Италија кое датира уште од антички Рим

Додека поголемиот дел од западниот свет стравува од петок 13-ти, за Италијанците „црн“ ден е петок 17-ти, датум што се поврзува со антички Рим. Со изведување на ритуали тие се штитат од „зли“ сили.

Главната причина за страв е во играта на зборови со римскиот број „XVII“, кои на латински значат „живеев“. Иако на прв поглед звучи безопасно, оваа фраза често била пишувана врз надгробните споменици и значи: „Мојот живот е завршен“. Токму затоа бројот е симбол на несреќа и лош предзнак.

Меѓу другото, суеверието е поврзано и со Велики петок, што се смета ден на тага, жртва и лоши предзнаци. Комбинацијата создава датум од кој многу суеверни Италијанци се плашат, а тоа влијае и врз современото италијанско општество каде и ден денес се избегнуваат работи со бројот 17.

За да се заштитат од потенцијалната несреќа што ја носи овој ден Италијанците, користејќи различни амајлии „портафортуна“, изведуваат низа ритуали наречени „скараманција“.