Connect with us

Свет

Луиџи Манџоне ја призна вината за убиството на директорот на „United healthcare“

Луиџи Манџоне денеска пред федералниот суд во Њујорк ја призна вината за убиството на Брајан Томпсон, извршниот директор на најголемата американска компанија за здравствено осигурување „Јунајтедхелткер“, објави Би-би-си.

„Утрото на 4 декември го застрелав господинот Томпсон на Менхетен и тој почина“, изјави Манџоне пред федералниот судија, признавајќи ја вината по федералното обвинение за кривичното дело. Судот закажа изрекувањето на казната да се одржи на 18 декември.

Томпсон, 50-годишен татко на две деца, беше застрелан во грб на 4 декември 2024 година откако излезе од својот хотел во Њујорк. Манџоне го изврши атентатот како знак на протест против американскиот систем на здравствено осигурување, а случајот ја потресе деловната заедница и поттикна широка национална дебата во САД.

Семејството на Томпсон порача дека казната мора целосно да одговара на сериозноста на овој „гнасен чин“, додавајќи дека „ништо нема да ја ублажи болката предизвикана од загубата“.

По федералното признавање на вината, адвокатите на Манџоне сега се обидуваат да ја поништат паралелната постапка пред судот на сојузната држава Њујорк, каде што тој исто така е обвинет за убиство, повикувајќи се на правното правило дека на едно лице не може двапати да му се суди за исто кривично дело (ne bis in idem).