Connect with us

Свет

САД до 30 септември ќе ги повлечат сите војници од Ирак

Соединетите Американски Држави планираат до 30 септември да ги повлечат сите свои војници од Ирак, со што ќе биде ставен крај на американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година и соборувањето на режимот на Садам Хусеин.

Ирачкиот премиер, Али ел Заиди, денеска се сретнал со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, по што било соопштено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум за завршување на воената мисија на Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава во Ирак и завршување на повлекувањето на нејзините сили“.

Како што пренесе „Еј-Би-Си њуз“,  американски претставник потврдил дека САД очекуваат да го завршат повлекувањето до 30 септември, но не сакал да открие колку американски војници во моментов се наоѓаат во Ирак ниту каде ќе бидат прераспоредени.