Connect with us

Свет

Колумбија го призна израелскиот суверенитет врз анектираната Голанската Висорамнина

Новата десноконзервативна Влада на Колумбија го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, територија што Израел ја зазеде од Сирија во 1967 година.

САД досега беа единствената држава што ја признаваше израелската анексија на територијата, прогласена во 1981 година.

„Владата на Колумбија го признава израелскиот суверенитет над таа територија, како и правото на таа држава да се брани од надворешни закани“, се наведува во соопштението на колумбиското Министерство за надворешни работи.

Според Обединетите нации, Голанската Висорамнина и натаму е сириска територија под израелска воена окупација.

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, се заблагодари за таквата одлука на неговиот „добар пријател“, новиот претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприела.

Саар во петокот присуствуваше на инаугурацијата на Де ла Есприела.

Де ла Есприела сака да го премести колумбискиот амбасадор во Израел од Тел Авив во Ерусалим и да ги обнови дипломатските односи со Израел, прекинати од неговиот левичарски претходник Густаво Петро.

За време на предизборната кампања, Де ла Есприела вети поблиски односи со Израел и САД, а ја доби и поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп.