Вести
Николоски: Заврши тендерот за набавка на 150 нови електрични автобуси, првите 30 ќе пристигнат до декември или јануари
Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декемри годинава, или јануари 2027год. Ова вечерва во “Тема на денот” го соопшти заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој истакна дека процесот за жалба е завршен и сега министерството ќе пристапи кон потпишување на договор со избраниот понудувач.
“Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес на потпишување на договор, иако рокот на испорака е 6 месеци од денот на потпишување на договорот, моето барање од понудувачот е првите автобуси да стигнат во декември месец”, рече Николоски.
Вицепремиерот додаде дека според јавната набавка, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци.
“Планирано е следните 60 автобуси да стигнат во рок од 12 месеци, и уште 60 да стигнат во рок од 18 месеци. Така што за година ипол треба да заврши целата испорака”, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
август 11, 2026
