Connect with us

Вести

Николоски: Безобразно е опозицијата да напаѓа за одмори, а Филипче еден месец не сме го виделе

Потпретседателот на владата, Александар Николоски, беше гостин во „Тема на денот“ на Сител телевизија, каде се осврна на критиките од опозицијата поврзани со патувањето на премиерот и посочи дека смета оти станува збор за неоправдани политички напади. Николоски порача дека и политичарите имаат право да одморат и дека граѓаните ја препознаваат разликата во однесувањето на власта и опозицијата.

-Мислам дека е безобразно ова што го прави опозицијата, да не му се дозволи на човек 5-6 дена да одмори, во услови кога лидерот на опозицијата месец дена не сме го виделе, веројатно е во Грција. Негов избор, и тоа никој не го коментира. Од друга страна, во овие 5 дена во кои што премиерот решил да се види со семејството, да вака се прави напад мислам дека е безобразно, нема друг збор. Но, ние сме навикнати, во суштина тоа тие го прават и додека бевме во опозиција и сега кога ја водиме државата, рече Николоски и додаде:

„Но, и граѓаните го гледаат тоа и затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е тој што е, и рејтингот на СДСМ е тој што е. И јас последната недела бев на одмор и не гледам ништо спорно, човек да се одмори 7,8,10 дена и после тоа со нова енергија да влезе во новите задачи кои што го чекаат“