Хроника
Уапсено 19 годишно момче од Кочани, ширел експицитни снимки и фотографии од поранешната девојка
Деветнаесет годишно момче од Кочани е лишено од слобода, откако неговата поранешна партнерка го пријавила дека без нејзина дозвола направил експлицитни видеа и фотографии, кои потоа ги направил достапни за трети лица.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 21:40 часот во Кочани го лишиле од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко.
Таа го пријавила дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа и снимки ги направил достапни за трети лица.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
август 10, 2026
