Connect with us

Хроника

Кавадарчани на возраст од 76 и 82 години приведени поради дрско и непристојно однесување

Кавадарчани на возраст од 76 и 82 години биле приведени поради дрско и непристојно однесување, информираше денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Вчера во 14:25 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги приведоа П.М.(76) и М.М.(82), двајцата од овој град, затоа што во полициска станица го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувале наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија и им упатувале навредливи зборови. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – соопштија од СВР Велес.